Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.
Содржината продолжува под рекламата
Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје и зеленчук, маслото и маснотиите, млекото.
Содржината продолжува под рекламата
Пораст на индексите во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци, јајцата, виното, сирењето, месото, шеќерот, лебот и житата.
Можеби ќе ве интересира: