Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2025 година трошоците за живот во земјава биле за 2,7 отсто повисоки во споредба со истиот месец лани. Во истиот период, цените на мало бележат пораст од 2,2 проценти.
Инфлацијата, пак, мерена преку индексот на трошоци за живот во март 2025 година во однос на претходниот месец бележи пад за 1,3 отсто. Намалувањето на инфлацијата е резултат на намалувањето на трошоците за живот – храна и безалкохолни пијалаци за 3 отсто, транспорт за 1,8 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 отсто и разновидни стоки и услуги за 0,3 проценти
Зголемени цени има кај овошјето, за 3,8%, што е одраз на т.н. сезонски ефект. Целосно идентичен е и растот кај зеленчукот, но овде е воочливо долгорочно поскапување – годишно за 3,4 и квартално за три проценти. Најалармантно е зголемувањето кај маслата и мастите, гледано од годишен аспект. Цените се повисоки за 10 проценти, при што месечното поевтинување за 1,7 проценти нема позначајна улога.
Зголемување на трошоците на живот во март во однос на февруари годинава, пак, Статистика нотира кај групите – домување, вода, електрика, гас и други горива и облека и обувки за 0,4 отсто, ресторани и хотели за 0,3 проценти, комуникации и здравје за 0,2 отсто и рекреација и култура за 0,1 процент.
Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и претходниот месец