Уапсен криумчар од неготинско на наплатна станица Градско, се обидел да шверцува 320 литри алкохол

lisici

Полицијата го приведе дваесет и тригодишниот К.Ц од село Тимјаник, неготинско кој се обидел да шверцува 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 01.10.2023 во 15.20 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од с.Тимјаник, неготинско“, информираа од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, бил пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи.

Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Можеби ќе ве интересира: