Уaпсен напаѓачот на снимателот на ТВ 24

Tepacot na IVan Rosoman
Tepacot na IVan Rosoman

Полицијата денеска го уапси човекот кој вчера вербално го нападна и ја скрши камерата на снимателот на ТВ24 Иван Камчев.

Zito akcija 640x289px

“На 19.07.2023 година полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.Р (43) од Росоман. Тој на 18.07.2023 година на излезот од Росоман, агресивно се опднесувал кон новинар на телевизиската екипа кој снимал инсерти од сообракајна незгода, а потоа и ја оштетил неговата камера. Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ке следи соодветен поднесок”, соопшто СВР Велес.

Agria

Во обид да сними инсерти од сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп кај Росоман вчера, снимателот на ТВ24 Иван Камчев бил вербално, а потоа и физички нападнат при што му била оштетена опремата.

Камчев раскажа дека само што почнал да снима, лицето му се доближло и почнало да вика “предавници новинари, само некакви права барате” и му се обратило со погрдни зборови. Неколку пати замавнало по него и еднаш успеало да го погоди старивот и ја оштетил камерата.

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ остро го осудуви вербалниот и физички напад врз снимателот на ТВ 24 Иван Камчев. Велат дека ќе ја следат истрагата и ќе инсистираат на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.

Осуда денеска стигна и од Агенцијата за медиуми.

“Во врска со вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот на ТВ 24, Иван Камчев кај Росоман, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека сите видови на напади врз претставниците на медиумите се апсолутно неприфатливи и дека во ниту еден момент нивната безбедност не смее да биде доведена во прашање.

Медиумските работници својата работа треба да ја извршуваат непречено, во согласност со професионалните стандарди и принципи утврдени во Кодексот на новинарите, вклучително и оние кои се однесуваат на начинот на информирање за време на несреќи”, велат од ААВМУ.

Напад врз новинар и медиумски работник при вршење на својата работа се третира како напад на службено лица, а напаѓачот ќе одговара кривично.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: