
Во вчерашната голема акција во која што МВР заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленија дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е командир од прилепската полициска станица, а веста ја потврди и Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Според информациите од МВР, бројот на уапсени лица не може уште сега да се сумира. Полицијата кај уапсените лица нашла оружје.
Оваа нарко-дилерска група и транзитот овозможен со командирот на прилепската полиција, немаат врска со трговците со кокаин од Грчец, кои беа апсени минатата недела, пишува порталот сакамдакажам.
Оваа акција МВР ја спроведува со помош на Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).
МВР за денеска најавува информација за резултатите од акцијата.
Можеби ќе ве интересира: