За злоупотреба на службена положба во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Стратешка цел е борбата против корупцијата.Вработени во јавни установи кога преземате мерки во делот на корупцијата не може да се изземете самите себеси, една од целите е јакнење на интегритетот на полициските службеници тоа што вчера се случуваше е дел од тоа. Вчера имавме 9 лица уапсено, ова го работеше одделот за спречување на организиран криминал, злоупотреба на службената положба и поткуп од Табановце. Командир, зам командир и 6 службеници на полицијата. Извршени се претреси, како и лични во нивните домови се со цел да бидат пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, се работи на понатамошната постапка за овој случај и секако дека ова е еден дел од активоситте за борбата против корупцијата“, истакна министерот Спасовски.
Содржината продолжува под рекламата
Поради одвивањето на акцијата на граничниот преми имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.
Можеби ќе ве интересира: