Убедлив триумф на Тополка за заверување на титулата во општинската фудбалска лига

FK Topolka 24-25

Во рамки на 16. коло од Општинската фудбалска лига – Велес, фаворитите Тополка и Локомотива прикажаа доминантни игри и впишаа убедливи победи на гостински терен.

Во Бузалкова, лидерот Тополка не остави простор за изненадување. Со шест гола во мрежата на домаќините, Тополка извојува нова победа – 0:6, со што и математички го обезбеди првото место со 31 бод и само еден пораз по 12 одиграни натпревари.

Agria

На теренот во Врановци, домаќинот немаше одговор за разиграната екипа на Локомотива која ги казни сите грешки и славеше со убедливи 1:7. Гостите покажаа висока ефикасност во нападот и повторно се вратија на победничкиот пат и го презедоа второто место на табелата од екипата на Горски.

ОФЛ Велес табела сезона 2024/25

ПОЗ ТИМОДИГ ПОБ НЕРПОРГОЛ/РАЗБОД
 1ТОПОЛКА12101129/1131
 2ЛОКОМОТИВА1280540/2624
 3ГОРСКИ1273228/2024
 4ВРАНОВЦИ1033420/2812
 5МЛАДОСТ 19761131717/2410
 6ФОРЦА НОВА113717/2510
 7БУЗАЛКОВА1021714/297
 8ЧАШКА 202272059/146

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: