КМФ Кеги Моби ја продолжи победничката серија во првенството. Во претпослдното коло од Првата македонска футсал лига, Кеги Моби како гостин, во спортската сала „Гемиџии“ во Велес , го декласираше составот на Железарец со 8:1, и го испрати во понизок ранг на натпреварување.
Домаќините на овој натпревар, екипата на Железарец, иако поведе во 4 минута со автоголот на Драскачев, доживеа дебакл. Најпрво Дукадиновски во 8 минута израмни, а во 10 минута Гаштев донесе водство од 2:1. Во вториот дел ефикасна игра на велешани кои ја наполнија мрежата на Железарец. Христијан Ристовски стрелаше два пати, а по еден погодок постигнаа Петар Каров, Филип Драскачев, Матеј Панов и Мохамед Ахмедов.
По 17 одиграни кола, Кеги Моби е на 8 место со 20 освоени бода. Останува да се изигра натпреварот против Бутел во последното коло.