Убиениот велешанец бил полицаец

Убиениот 40-годишен велешанецв бил вработен како полицаец во СВР Велес. Неофицијално дознаваме дека причина за убиството се нерасчистени љубовни односи, а полицаецот е убиен после расправија со партнерката со која бил во врска.

Zito akcija 640x289px

Од полицијата засега не излегуваат со детали, а за подоцна најавија и официјално соопштение. Ноќеска околу 2:30 минути Итната медицинска помош добила повик за рането лице со нож на улица Максим Горки бр. 190, во непосредна близина на куќата на Касапови. Откако стигнале не местото на настанот, го затекнале полицаецот мртов, прободен со нож во градниот кош.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во 2:30 часот добивме повик за лице, прободено со наж на улица Максим Горки бр. 190. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место и веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“, изјави др. Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош – Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Повеќе детали за настанот очекуваме во текот на денот. Ова е прво убиство во Велес по нешто повеќе од четири години.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: