40-годишен велешанец ноќва е пронајден мртов, со убодна рана од нож во градите. Засега нема детали за убиството. Од она што досега се знае е дека Итната медицинска помош ноќва добила повик за повредено лица, на улица „Максим Горки“ бр. 190, во куќа во непосредна близина на Куќата на Касапови.
„Во 2:30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица Максим Горки бр. 190. Се работи за машка особа на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“, изјави др. Васе Пановска Поп-Стефанова, началник на Итната медицинска помош – Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Повеќе детали за настанот очекуваме во текот на денот. Ова е прво убиство во Велес по нешто повеќе од четири години.
Содржината продолжува под рекламата