УЕФА ги замрзна цените на билетите за финалето на Лигата на шампионите

liga sampioni

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги замрзна цените на билетите за овогодинешното финале во Лигата на шампионите во Истанбул. Цената на билетите за сите четири категории е иста како и за ланското финале во Париз меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Zito akcija 640x289px

Најскапиот билет за мечот закажан за 10 јуни чини 690 евра, а најевтиниот 70 евра, објави денеска УЕФА.

Agria

Секој финалист ќе добие по 20.000 влезници, како и лани, за натпреварот што ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ со капацитет од 72 000 седишта.

Во полуфиналето на Лигата на шампионите бранителот на титулата Реал Мадрид ќе игра против Манчестер Сити како и Милан против Интер.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37898/po-zhalbata-vrateni-15-boda-na-juventus/