Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, кажа дека инспекторите изминативе два дена казнувале низ цела Македонија за неприлагодени фискални каси, согласно владините одлуки за намалување на ДДВ-то со цел да се намалат цените. Најмногу неправилности имало кај трговци на мало со храна и пијалоци, трговци на мало со јајца, месо и производи со месо. Најмногу неправилности имало во Тетово поради неиздавање и неусогласени фискални сметки.
„Од 611 контроли во цела Македонија, кај 114 даночни обврзници имало неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Во контролата беа опфатени оние кои вршат трговија со храна и пијалаци на мало, трговија на мало со месо и производство на месо, трговија на мало со моторни горива. Во Скопје се извршени 136 контроли – 13 имале неправилност. Во Битола од 120 контроли – 41 неправилности. Во Прилеп од 93 контроли – 22 имале неправилност. Во Струмица од 85 контроли – 10 имале неправилност. Во Тетово 78 контроли – 26 имале неправилност. Во Штип од 99 само 2 имале неправилност,во Велес е казнет само еден трговец кој имал неправилности“, кажа Лукаревска.
Содржината продолжува под рекламата
Според неа, овие трговци – лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот ги продаваа со пресметан ДДВ со 5 проценти. Таа апелираше, особено до големите маркети, да си ги прилагодат касите.
Можеби ќе ве интересира: