Управата на ГОК Борец успеа во своите редови да донесе странско засилување. Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Украина Станислав Азаров, кој игра на позицијата коректор и примач.
Содржината продолжува под рекламата
191 сантиметри висок Азаров во Велес доаѓа од екипата Приблив од Украина, а има и претходно искуство во македонската одбојкарска лига играјќи за екипата на Шутова. Со ова се потврдуваат амбициите на клубот повторување на ланскиот резултат, односно влез во завршниот плеј оф.
Содржината продолжува под рекламата
Во сабота ќе се одигра контролен натпревар на одбојкарите на Борец против актуелниот шампион на Македонија екипата на Струмица 47 & 72 . Новата сезона започнува наредниот викенд а велешани во премиерниот настап ќе ја пречекаат екипата на Весна Пробиштип.
Можеби ќе ве интересира: