Упасен дилер кој бил во бегство 17 години

zatvor ohrid

Скопјанец на возраст од 63 години е приведен за издржување затворска казна од 12 години. Според информациите на полицијата, тој бил во бегство 17 години.

Zito akcija 640x289px

Вчера попладне полициски службеници од отсекот за потраги при Единицата за внатрешни работи Кисела Вода и при Единицата за внатрешни работи Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје на Љуботенски Пат, атар на с. Радишани, го лишиле од слобода во непосредна близина на клучката кај Радишани.

Agria

За дилерот била распишана централна потерница за издржување казна затвор од 12 години за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по чл. 215 од Кривичниот законик.

Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22035/komisijata-za-zarazni-bolesti-ne-preporacha-novi-merki-za-zashtita-od-delta-sojot/