Двајца граѓани на Битола на возраст од 37 и 45 години во полиција пријавиле дека биле измамени од едно лице коешто им ветувало работа во Германија.
„Тие во повеќе наврати уплатиле сума од околу 12.000, односно 20.000 денари кон одредена фирма со уверување дека уплатуваат за трошоци за вработување во Германија, но и покрај тоа досега не им била понудена работа“, информираат од МВР.
Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: