Уште 30 дена притвор за бизнисменот Орце Камчев

Orce Kamcev
Orce Kamcev

Јордан Камчев доби уште 30 дена притвор откако Основниот кривичен суд денеска му го продолжи притиворот.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј. К., донесе решение со кое сѐ уште постојат околностите од член 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП и го прифати предлогот на Обвинителството, со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена“, се наведува во соопштението од судот.

Agria

Неговиот адвокатот Тони Менкиновски, рече дека одбраната ќе поведе постапка за незаконитост на докази, кои се поднесени од Агенцијата за национална безбендост, со што ќе бараат тој да се брани од слобода. Според адвокатот, единствениот доказ врз основа на кој се темели решението за определување мерка притвор никогаш не бил доставен до одбраната.

Бизнисменот Камчев во притвор се наоѓа од 14 март како еден од осомничените во предметот „Плацови на Водно“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: