Уште еден велешки ракометар ќе настапува надвор од родниот град, Даниел Ацев нов голман на Радовиш

Daniel Acev

Во услови на недостиг на сениорски ракометен клуб во Велес, ракометарите кои потекнуваат од градот сè почесто го продолжуваат својот спортски пат во други екипи ширум државата и надвор од неа. Еден од нив е и велешанецот Даниел Ацев, кој од следната сезона ќе го брани голот на РК Радовиш.

Ацев минатата сезона ја мина во грчкиот второлигаш Амфикитонес Ламиа, каде што стекна меѓународно искуство и се етаблираше како сигурен голман. На домашната сцена, тој има богато искуство и настапувал за неколку македонски клубови – Охрид, Бутел Скопје, Голден Арт, Вардар Неготино и Шампион. Неговите први ракометни чекори ги направи токму во велешкиот Борец.

Agria

Ангажманот во Радовиш претставува ново поглавје во кариерата на Ацев, кој ќе има важна улога во тимот кој се засилува за предизвиците во новата сезона. Овој трансфер е уште еден доказ за тоа дека велешките ракометни школи продолжуваат да продуцираат квалитетни играчи, иако градот моментално нема свој претставник во сениорската конкуренција.

Љубителите на ракометот во Велес се надеваат дека наскоро ќе се создадат услови за враќање на сениорскиот ракомет во градот, каде што талентирани спортисти како Ацев ќе имаат можност да настапуваат пред својата публика.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: