Условна казна за пејачот Ламбе Алабаковски за палењето на бугарскиот клуб во Битола

Lambe Alabakovski
Lambe Alabakovski

Пејачот Ламбе Алабаковски кој беше обвинет за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола е осуден на условна казна затвор од шест месеци, потврди за РСЕ неговиот адвокат, Дарко Стефановски. Казната, како што наведува Стефановски, нема да се реализира доколку во следните 2 години, Алабаковски не стори ново кривично дело.

Zito akcija 640x289px

На Алабаковски кој призна вина за делото, му се вратени две патни исправи и укинати се мерките за обезбедување. Алабаковски по инцидентот беше во притвор, потоа беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.

Agria

Отворањето на бугарскиот културен клуб Ванчо Михајлов во Битола, на кое присуствуваше бугарскиот државен врв, наиде на реакции од македонската јавност. Михајлов, родум од Штип, бил соработник на фашистите во Втората светска војна и тврдел дека Македонците се Бугари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: