Кајакарите на Кајак Кану Клуб “Гемиџии 903” од Велес викендов учествуваа на меѓународниот натпревар во слалом во Горажде, Босна и Херцеговина, од каде се вратија со вкупно 13 медали.
Содржината продолжува под рекламата
Златни медали освоија Павел Димовски, во категорија К1 мажи пионери, Данаи Константина Николакопулу во категорија К1 жени пионерки како и во категоријатаЦ1 пионери жени. Александар Алексов во категорија К1 кадети мажи и Ц1 кадети мажи. Марија Пановска во категориите К1 кадети жени и Ц1 кадетки, како и составот Алексов, Павел Димовски, Петар Димовски во категоријата 3хК1 пионери мажи.
Содржината продолжува под рекламата
Во категоријата К1 мажи пионери Игор Ахилеас Алексов беше втор, додека третото место го освои Петар Димовски. Во категоријата Ц1 пионери првите три места беа резервирани за Игор Ахилеас Алексов, Павел Димовски и Петар Димовски.
На меѓународниот натпревар во слалом во Горажде учество земаа над 100 кајакри од Босна и Херцеговина, Македонија, како и од повеќе градови од Србија.
Можеби ќе ве интересира: