Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Иван Михајлов” и „Цар Борис Трети“

pozar vo bitoila vo bugarski klub

Подносител на иницијативата е политичката партија Левица. Подносителот наведува дека оспорените Статут и програма се спротивни на член 20 став 2 од Уставот затоа што, според него, се насочени кон разгорување национална или верска омраза или нетреливост. Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.

Zito akcija 640x289px

Уставниот суд информира дека е оформен предмет во кој се оспорени Статутот и програмата на здружението „Културен центар Иван Михајлов“.

Agria

Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка, и е предаден на работа кај советник на судот и кај судија, кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по кој Уставниот суд ќе одлучува на седница.

Што се однесува на вториот предмет од интерес за јавноста, Уставниот суд информира дека е оформен предмет во кој се оспоруваат програмата за работа и Статутот на здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари, „Цар Борис Трети“ – Охрид. И овој предмет се наоѓа во рана фаза – претходна постапка во која се прибираат потребните информации.

Подносител на иницијативата е адвокатот Тони Менкиновски. Во иницијативата се наведува дека оспорените акти се противуставни бидејќи се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, негирање на неговата самобитност и разгорување национална омраза или нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33944/veleshaneczot-viktor-gigov-i-na-43-godini-brani-vo-top-forma-mu-donese-na-paok-bod-protiv-aek/