Дебатата за уставните измени не стивнува и се очекува таа да се интензивира со целосното враќање на работа на собранието.
Претседателот на државата Стево Пендаровски и владејачките партии сметаат дека без внатрешни опструкции на опозицијата, можно е и пред 2030 година да има проширување на ЕУ.
Шефот на државата вели дека ниту еден официјален претставник на ЕУ не рекол дека Западен Балкан нема да стане дел од ЕУ се додека Унијата внатрешно не се доуреди.
Според премиерот Димитар Ковачевски, започнатата пленарна седница на Собранието во однос на усвојувањето на амандманите за уставни измени, ќе продолжи тогаш кога ќе се создадат соодветни услови во однос на бројот на пратениците коишто би поддржале таков процес.
Опозицијата пак останува на ставот дека нема да дозволат уставни измени под овие услови и бараат да не се одолговлекува седницата за уставни измени.
Можеби ќе ве интересира: