Пет до шест видови зеленчук ќе бидат замрзнати оваа недела, најави министерот за економија Крешник Бектеши а ќе се донесе одлука за замрзнување и на цените на хигиенските производи.
Содржината продолжува под рекламата
„Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре“, истакна Бектеши.
Содржината продолжува под рекламата
Владата на 21 март, ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата останаа на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30 април. Претходно Владата ја замрзна и цената на 33 денари на белиот и на полубелиот леб од 450 грама, а Министерството за земјоделство, веќе достави анализи до Министерството за економија и за цените на овошјето и зеленчукот
Можеби ќе ве интересира: