Екипата на Вардар Неготино го декласираше тимот на Превалец со високи 5:0, во рамки на второто коло од Трета лига-Југ, со што ги потврди амбициите за влез во Втората фудбалска лига.
Резултатот го отвори Петар Ристовски уште во втората минута од мечот, Кирил Неделков беше двоен стрелец, Марјанчо Илов од пенал постигна гол за 4:0, а конечните резултат го постави Петар Најдов во 72. минута од натпреварот.
Содржината продолжува под рекламата
Во наредното коло фудбалерите на Превалец имаат уште еден тежок натпревар. На домашен терен ќе го пречекаат составот на Големо Коњари, кој исто така има амбиции за влез во Втората фудбалска лига.
Можеби ќе ве интересира: