Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа шесте натпревари од 31. коло по кое останува неизвесна трката за третата позиција која обезбедува учество во евро-куповите следната сезона како и борбата за опстанок.
Велешки Борец гостуваше во Кратово и освои многу значаен бод. Силекс и Борец одиграа без победник 1:1.
Кратовчани поведоа со гол на Ѓорѓиев во првото полувреме, израмни Мишов од пенал во финишот од мечот. До крајот на сезоната Борец игра со два директни конкуренти во борбата за опстанок. Во Велес гостува Ренова, а потоа во последното коло гостува во Струмица на Академија Пандев.
Можеби ќе ве интересира: