Реал Мадрид вечерва ќе има тешка мисија. на гостувањето во Манчестер кај тимот на Пеп Гвардиола. Со негатива од 2-1 екипата на Зидан ќе го почне мечот на Етихад и ќе се обиде да го надополни тоа што го пропушти на Сантијаго Бернабеу.
Пеп Гвардиола никогаш не ја освоил Лигата на шампионите со друг клуб освен Барселона, неговата мотивација е огромна, но Реал Мадрид во рестартот од сезоната покажа сериозен квалитет и сигурно нема да отиде со бело знаме.
Голем проблем за тимот на Реал Мадрид ќе биде неиграњето на Серхио Рамос кој има суспензија, а неизвесни се Азар и Марселона, а Бејл воопшто не беше повикан за настап.
Тимот од Торино го загуби првиот дуел со Лион со минимални 1-0, но вечерва игра на свој терен и се уште е фаворит за пласман во четвртфиналето. Роналдо паузираше на последниот натпревар од Серија А за да биде свеж вечерва.
Интересна осминафинална пресметка има и утре, Барселона ќе го пречека Наполи, а резултатот во првиот дуел меѓу овие екипи беше нерешен 1-1.
Најмалку неизвесност се очекува да има во Минхен, Баер на Стемфорд Бриџ го победи Челси со 3-0, па никој не верува дека можат на домашен терен да ја прокоцкаат таа огромна предност, иако чуда се случуваат.