Велес наскоро ќе добие дигитално кино. При крај се завршните зафати за припособување на салата ,,Бели мугри” во кино сала. Задутре пристигнува нова најсовремена опрема за дигитално кино, соопшти градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Повеќе од 15 години Велес е без кино сала, откако се затвори киното 11 Октомври.