Велес остана без сениорски ракомет, град со ракометна традиција оставен на маргините

Fruitlend Borec Prilep

Ракометниот Велес, градот кој му го подари на македонскиот спорт најголемиот ракометар на сите времиња, Пепи Манасков, оваа сезона е избришан од мапата на македонскиот сениорски ракомет. По десетлетија на спортска традиција, Велес за првпат ќе остане без ниту еден клуб во Прва лига, Суперлига или каква било сениорска конкуренција.

Падот започна минатата година, кога историскиот РК Борец, освојувач на една титула шампион на Македонија и еден Куп, како и финалист на ракометниот Куп на Југославија  во сезоната 1967/68, се откажа од настап во пресрет на сезоната. Клубот, кој со генерации создаваше таленти и собираше публика, потона во тишина, без сериозен обид да се спаси.

Agria

Пред крајот на сезоната, РК Фруитленд Борец, кој беше сениорски преставник на градот, беше дисквалификуван од Суперлигата поради кршење на пропозициите, на Куп-натпревар против Еурофарм Пелистер 2 отпатуваа со само девет играчи, иако правилата бараат минимум 12 во ростерот за одигрување на натпревар.

Конечната потврда дојде деновиве кога името на Фруитленд Борец не се најде помеѓу 14-те екипи кои оваа година ќе се натпреваруваат во Првата лига. Со тоа, Велес дефинитивно го изгуби своето место во сениорскиот ракомет.

За градот кој некогаш создаде шампионска екипа и ракометна легенда како Пепи Манасков, ова е повеќе од спортски неуспех. Најтрагично од сè е што младите ракометни таленти од Велес немаат каде да продолжат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: