Велес со нов мурал

Mural kaj Saatot 1

Урбаната естетика во градот, деновиве се збогати со поставување на нов мурал, насловен „Ленка”. Темата за муралот е дејноста и делата на истакнати домашни дејци и автори во сферата на културата и литературата кои имаат директен придонес во развојот на државноста или придонеле во создавањето или во зачувувањето на културното наследство. Муралот ја претставува песната „Ленка” од великанот Кочо Рацин, преку илустративна визуелизација со цртеж во комбинација со текст.

Zito akcija 640x289px

Задолжена за авторската скица и изведбата на муралот е Бранкица Јордановска, дипломирана графичарка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Текстот од песната претставен на муралот е изработен со фонтот Рацин Регулар, изработен од дизајнерот Ласко Џуровски според анализи на оригинални документи со ракописот на Рацин.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Сликањето на муралот е дел од проектот „Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност”. Носител на проектот е „Фрагмент Комуникации” ДООЕЛ Скопје. Додека, извршител задолжен за спроведување на уметничката и креативна содржина е „Студио КР7 ТП”. Главната идеја на проектот е сликање мурали, ѕидни слики, во седум различни градови и тоа во Богданци, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Скопје, Струга и Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Муралот „Ленка” е поставен на потпорниот ѕид, во близина на Саат кулата, изработен на површина од 60м 2 , а самата изработка е документирана со видео запис во time lapse техника. Проектот е финансиран од Владата во рамки на јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со
задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност. Додека пак Општина Велес обезбеди сместување и оброци за авторскиот тим.

Авторката и нејзиниот тим уметници изразија благодарност за можноста Велес повторно да биде дел од мапата на градови каде тие оставаат свој уметнички белег, а го истакнаа и фактот дека Општина Велес е општина пример за позитивни практики  и модел како професионално се соработува. Со ова ново уметничко дело, Велес уште еднаш го потврдува епитетот на неформална престолнина на муралите во земјата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: