Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа е регистриран еден нов случај на коронавирусот, нема оздравен пациент . Бројот на активни случаи во градот е пет.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1 лице.
Регистрирани се 17 оздравени пациенти , регистрирани се 3 починати лица од: Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.
Можеби ќе ве интересира: