Денеска (06.01.2023) во 09.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Ц.(61) од Велес.
При преглед кај него на Градскиот пазар во Велес и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени вкупно 842 парчиња пиротехнички средства.
Содржината продолжува по рекламите:
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: