Велешанецот Тони Илијевски кој е заразен со Ковид-19 веќе шести ден е на 24-часовна кислородна поддршка, a целосно оштетено му е и едното белодробно крило.
Поради влошената здравствена состојба Илијевски е префрлен во приватната болница „Систина“. За жал неговото семејство не е во можност да ги покрие трошоците за негово лекување па апелира до сите хумани граѓани кој се во можност да донираат парични средства се со цел да го победи коронавирусот.
Драги сограѓани, пријатели, познаници и добри луѓе. Тони Илијевски кој е татко на две малолетни деца го трча можеби најважниот круг во својот живот. Апелираме да ја покажете вашата хуманост на дело. Секогаш е добро време да се направи добро дело.
Секој што сака да помогне истото може да го стори на следнва сметка:
250-0140007013-33 Шпаркасе Банка
Можеби ќе ве интересира: