Велешанец на 80-годишна возраст од Велес почина денеска во велешката болница, како последица од ковид-19. Тој бил позитивен на тестот за коронавирус и три дена бил лекуван на одделот за Физикална терапија во Ковид центарот на болницата.
Денеска таму се хоспитализирани 90 пациенти, од кои 74 имаат потврдени позитивни, три се сомнителени и 13 пациенти има со негативен брис, но е задржан на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 40 пациенти. На инфективното оддееление има 35 пациенти, на интерното одделение има девет пациенти на физикалнато одделение 11, во Модуларната болница се лекуваат 35 пациенти.
Можеби ќе ве интересира: