Велешката полиција привела 39-годишен велешанец поради напад врз обезбедувањето на угостителски објект во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
На 16.04.2023 во 01.45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Д.К.(39) од Велес, затоа што пред угостителски објект во Велес физички го нападнал М.Б.(33) од Скопје, кој работел како редар пред објектот, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: