Велешанец осомничен за обид за убиство на својата сопруга

semejno nasilstvo

Педесет и седумгодишен жител на Велес е осомничен за обид за убиство на неговата сопруга. Тој ја тепал сопругата со кабел и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Од ударите, жената се здобила со повеќе повреди по целото тело и скршеница на едната рака.

Zito akcija 640x289px

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело обид за убиство,.

Agria

„Осомничениот во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот““, се наведува во соопштението.

Јавен обвинител до судот достави предлог за определување притвор за осомничениот.​

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15170/dosega-najvisok-broj-na-novozaboleni-za-24-chasa-vo-makedonija/