Велешанец се загубил во шума, за среќа по неколку часа е пронајден

Papradiste suma
Papradiste suma

Оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Регионалниот центар за управување со кризи – РЦУК Велес заедно со субјектите од Системот за управување со кризи денес имаа успешната акција за пронаоѓање изгубен повозрасен човек (67 години), којшто отишол да бере чај, при што се загубил во Велешкиот ридест регион.

Zito akcija 640x289px

Според информацијата од ЦУК, информацијата за покренување спасувачка акција, е добиена вчера во 23:19 часот, преку еднинствениот телефонски број за итни ситуации 112, каде на подрачјато на општина Чашка во реонот на село Ореше место викано Орешка Чука, А. Н. известил пдека неговиот татко Д. Н., којшто има 67години, во текот на денот отишол да бере чај при што се загубил и се уште се нема вратено, а се стемнило.

Agria

Од ЦУК информираат дека преку еднинствениот телефонски број за итни ситуации 112 е добиено известување дека неможат да го лоцираат, а бидејќи се работи за возрасен човек којшто незнае да следи и прати локација од телефонот, па СВР Велес стапиле директно во контакт со лицето и добиле општи описни информации од него за можната локација, при што потоа од страна на СВР Велес е побарано од РЦУК Велес теренско возило за да можат да испратат екипа на терен.

„Спасувачката екипа на терен со теренското возило излегла вечерта околу 01:15 часот, по полноќ, во потрага по изгубениот. После целовечерна потрага, загубениот повозрасен човен (67 години) е пронајден во раните утрински часови. Според службената информацијата од СВР Велес лицето Д. Н. е пронајден во 6:40 часот и истиот е во добра здравствена состојба без повреди“, стои во соопштението од ЦУК.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: