(ФОТО) Велешанец вечерва повреден во сообраќајка кај „Багремче“

27-годишен велешанец вечерва е повреден во сообраќајна несреќа кај „Багремче“ во велешката Нова населба. Сообраќајката се случила околу 19 часот, кога 27-годишното момче возејќи мотор се судрило со автомобил.

Zito akcija 640x289px

Екипа на велешката итна медицинска помош пристигнала на местото на несреќата и го згрижила повредениот.

Agria

„Повредениот е згрижен на лице место и со повреди на лицето е транспортиран на хирушкото одделение на велешката болница“, рече д-р Васе Пановска Поп Стефанова, портпарол на Здравствен дом Велес.

Момчето е прегледано од дежурен лекар во болница и е со полесни повреди, велат од болницата.

„27-годишно момче вечерва е донесена на хирушкото одделение, прегледано е и констатирано е дека се работи за полесни, површински повреди, кои се санирани. Сепак, задржано е во болница на опсервација“, изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Ова е втора сообраќајна несреќа денеска во Велес, откако претпладнето возило се преврте на автопатот Велес – Скопје, после наплатната рампа кај Отовица, а повредени се брачен пар и нивната ќерка. Откако се примени во велешката болница, поради сериозноста на повредите, префрлени се на скопските клиники.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: