Младиот ракометар од Велес, Бобан Петров, направи трансфер од соништата и во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе го носи дресот на вториот тим на Кил, односно на екипата до 23 години.
Содржината продолжува под рекламата
Велешанецот игра на позиција среден бек, ги има сите предиспозиции да стане квалитетен играч, па така неговиот потенцијал беше препознаен од страна на “зебрите”, кои одлично работат со младите категории.
Содржината продолжува под рекламата
Тој вниманието на „двојката“ на Кил го привлече со одличните настапи во младинската Бундес лига. Стручниот штаб на подмладокот на големиот европски клуб на младинските натпреварувања низ Германија ги „скенира“ најголемите таленти и им нуди одлични за развој во кариерата.
Инаку неговиот татко Каме Петров долги години го носеше дресот на велешки Борец и беше член на шампионската генерација на клубот.
Можеби ќе ве интересира: