(ВИДЕО) За светот е жив, за ПИОМ е мртов – голгота на велешки пензионер

Nacarov

Кога на почетокот на месецов, вообичаено како и секогаш, велешанецот Трајче Начаров отишол во банка да си ја извади пензијата, не ни претпоставувал каква голгота го чека. Му рекле дека пензија нема и дека на сметката му биле исплатени само околу 2000 денари. Збунет и во неверица, овој 71-годишен инвалидски пензионер тргнал кон Фондот за пензиско, таму да ги бара одговорите. Оттаму кревале раменици и го препратиле да праша во скопската дирекција на ПИОМ. Кога се јавил таму, го пречекал шок. Му рекле дека човек со тие податоци повеќе не е меѓу живите.

Zito akcija 640x289px

Додека траело убедувањето со службеничката дека разговара со жив човек, Начаров доживува уште еден шок. Му рекле дека Фондот за него исплатил пари за погреб.

Agria

Од подрачната единица на ПИОМ потврдија дека е направена грешка при внесување податоци. Начаров бил заведен дека починал, наместо велешанка која навистина починала. На сметката на нејзиното семејство отишле и парите за погреб. Од Фондот велат дека веднаш ја увиделе грешката и ја поправиле, парите за погреб биле вратени, а на почетокот на март Начаров ќе добиел две пензии – и јануарската и февруарската.

Директорот на ПИОМ Арсим Хасани во телефонски разговор тврдеше дека не е можно да се направи грешка. Негираше дека ова често се случува, но побара повеќе податоци за овој случај, па вети информации, кога ќе добиел. Во меѓувреме, Начаров и неговата сопруга немаат од што да живеат, оти пензија зема само тој.

Од велешката полиција велат дека кај нив не е пријавен ваков случај, но дека доколку добијат пријава, ќе го проверат.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: