Велешанецот Ангел Петрушев е прогласен за најдобар македонски кајакар за 2022 година

Angel Petrusevski kajakar

Во четвртокот во Скопје се одржа избор за најдобар кајакар за 2022 година во организација на Кајакарската Федерација на Македонија, каде наградите ги додели претседателот на Македонскиот Олимписки комитет М-р. Даниел Димевски.

Zito akcija 640x289px

Најпрестижната награда „Кајакар на годината“ ја доби велешанецот Ангел Петрушев. На церемонија, покрај признанието за „Кајакар на годината“, Петрушев добил и парична награда од 150.000 денари.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Петрушев го заслужил признанието со освоено 2-место на 53. Илинденски кајак слалом ИКАС 2022, 36-место на Светски куп за Сениори во Краков, 19. место на Светско првенство во кајак слалом за Јуниори во Ивреа и 4. место на Европско Јуниорско првенство во кајак слалом на диви води во Чешка.

За најнадежен млад кајакар во дисциплината кајак спуст на дива вода е прогласен Благој Гугунов од Кајак Кану Клуб Арка Борец Велес. Плакета за најдобар кајакар во спуст-класик доби Љубомир Спасиќ и најдобар тренер во оваа дисциплина е Љубомир Спасиќ ККК Арка Борец Велес.

Велешани добија и други награди. Во дисциплината кајак слалом на дива вода, плакета за најнадежен млад кајакар доби Христијан Смилев Кајакарски клуб Бабуна Велес. За најдобар млад кајакар беше прогласен Стефан Рибарски, додека за најдобар тренер е прогласен Димче Стефановски ККК Вардар Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: