Велешанецот Филип Николов со нов 2-годишен договор за суперлигашот Бутел. Тренерот Кузмановски знае дека Николов е еден од клучните играчи на скопски Бутел па од тука продоложувањето на договорот не е случаен.
„Десниот бек Филип Николов потпиша нов договор со Бутел Скопје. Тој ќе продолжи да го носи дресот на нашиот клуб и во наредните две сезони. Еден од најдобрите стрелци во тимот на Горан Кузманоски ќе остане во Бутел Скопје најмалку до 2026 година“, се вели во соопштението на клубот.
Николов е еден од најдобрите стрелци во машката ракометна лига.
Кариерата ја започнува во родниот град, односно во ракометниот клуб Борец, а досега има настапувано за екипите на Радовиш и Охрид.
Можеби ќе ве интересира: