Во конкуренција од 130 кајакари, кајакарот на Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес, Кристијан Лазаров e шампион на Европскиот куп во кајак спуст на дива вода за 2023 година со освоени 271 бод.. Второто место го освои уште еден велешанец, исто така член на Кајак Кану Клуб Арка-Борец, Благој Гугинов со 255 бода.
Содржината продолжува под рекламата
Во сениорска конкуренција велешките кајакари Александар Златаров и Љубомир Спасиќ го освоија второто и третото место во Европскиот куп во кајак спуст на дива вода за 2023 година, веднаш зад победникот Бонард од Франција.
Содржината продолжува под рекламата
Европскиот куп се одржувааше на пет различни локации и држави ,Македонија, Словенија, Швајцарија, Италија и Чешка a земаа учество 160 кајакари во сениорска и 130 кајакари во јуниорска категорија.
Кајакарскиот кану клуб „Арка-Борец“ од Велес пред две недели беше севкупен победник и го освои најголемиот златен пехар на Отвореното Балканско првенство во кајак на диви води спуст „Велес 2023“.
Можеби ќе ве интересира: