Велешанецот Кристијан Лазаров обезбеди пласман во финалето на Европско првенство за јуниори во кајак спуст

Македонскиот репрезентативец во кајак спуст, велешанецот Кристијан Лазаров обезбеди пласман во финалето на Европско првенство за јуниори кое се одржува во Даленвил, Швајцарија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Тој уште по првото возење заврши на 12 позиција и навести дека може да се најде меѓу првите 15 места кои водат во финалната трка, што го потврди со 9 место во второто возење.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Благој Гугинов не успеа да обезбеди пласман во финалето откако по првото возење заврши на 25 место, додека во втората трка заврши на 30 место. Финалето ќе се вози утре.

Можеби ќе ве интересира: