Велешанецот Марјан Младеновиќ потпиша за КК Пелистер

Marijan Mladenovik kosarkar

Велешанецот Марјан Младеновиќ (180, 1987), ја промени клубската средина, потпишувајќи за кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола.

Zito akcija 640x289px

Кошаркарот кој беше и на поширокиот список на поранешниот селектор Александар Тодоров, потпиша договор за претстојната сезона и повторно ќе работи со Марјан Илиевски со кого во 2019 година, тогаш во Блокотехна, триумфираше во БИБЛ лигата.

Agria

Изминатата сезона настапувајќи за скопски Работнички на 22 средби домашната Прва лига просечно реализираше 4,9 поени со 3,5 скока и четири асистенции, додека во АБА2-лигата на 10 натпревари имаше просек од 3,1 поен, 1,4 скока и 2,1 асистенции за нешто повеќе од 12 минути на теренот.

Младеновиќ, покрај за Блокотехна и Работнички, има настапувано и за Гостивар и за Куманово, а кошаркарските почетоци се во кошаркарскиот клуб Ангели од Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: