Велешанецот Мартин Талаков се враќа во мак-фудбалот, ново засилување за Македонија ЃП

Martin Talakov

Македонија Ѓорче Петров доби значајно засилување за новата прволигашка сезона, во клубот пристигна велешанецот Мартин Талаков. Младиот 22-годишен фудбалер, кој игра на позицијата играч за врска, се враќа во македонскиот фудбал по четиригодишна интернационална епизода во Словачка.

Талаков е роден и фудбалски израснат во Велес, каде што ги направи првите фудбалски чекори во редовите на Борец. Младинските категории ги помина во Академија Пандев каде и дебитираше во Првата фудбалска лига, а како позајмен играч играше и за Борец во сезоната 2021/22.

Agria

По настапите во мак-фудбалот, Талаков ја продолжи својата кариера во Словачка, каде што четири сезони беше дел од клубовите Подбрезова и Жилина. Во пролетниот дел од минатата сезона играше за Похроние во Втората словачка лига, забележувајќи 10 настапи, еден гол и две асистенции.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: