Велешанецот Тоше Ончев две години во Голден Арт

Tose Oncev Golden Art

Велешанецот Тоше Ончев во следните две години ќе биде член на ракометниот клуб Голден Арт, ова денес го објави клубот на својата официјална фејсбук страна. Тој доаѓа како слободен играч откако поради повреда го раскина договорот со РК Охрид.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Среќен сум што ќе бидам дел од екипа составена од млади македонски ракометари, колектив кој е препознатлив по добра работна атмосфера и во кој може да се напредува на техничко тактички план. Возраста на играчите и структурата дава за право да размислуваме дека со добра работа, сериозна конкуренција, давајќи се од себе ќе имаме можност да постигнеме добри резултати, одејќи чекор напред во однос на минатата година“, изјави Ончев за официјалната фејсбук страна на РК Голден Арт.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

26-годишниот Ончев, како роден Велешанец, своите први ракометни чекори ги направи во родниот град, за потоа преку скопски Вардар, каде се задржа осум години, да го направи своето деби како интернационалец, во втората по квалитет лига во Франција. Од Франција заминува во Грција, за после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапува за тимот на Работнички. Во сезоната 2021/22 заминува во Тримо од Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона, за минатата натпреварувачка сезона да ја стартува во амбициозниот Охрид, каде поради сериозна повреда на коленото, предвреме ја заврши сезоната.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: