Велешани во недела избираат градоначалник, кандидатите постојано на терен меѓу граѓаните

Остануваат уште два дена од изборната кампања за првиот круг од Локалните избори 2021 на кои кандидатите за градоначалници и за советници можат да ги претстават своите проекти и ветувања пред гласачите.

Zito akcija 640x289px

Велешките кандидати за градоначалници на град Велес преку мааалски средби се обидуваат да придобијат уште некој гласач.

Agria

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник на Велес, Ненад Коциќ, синоќа го посетија велешкото село Оризари.

SDSM VO ORIZARI

Спасовски пред жителите на Оризари порача дека едно општество за сите не обединува само по националност, туку нуди еднакви можности за сите.

„Едно општество за сите го градевме со љубов, за сите националности, секој еден граѓанин што живее во нашата земја, ова не е само по верска и етничка основа, туку еднакви можности за сите, дали живеат во село или град или пак општина, концепт кој дава еднаква шанса на секого да опстои и да остане овде и да ја гради иднината со своите деца“, рече Оливер Спасовски.

Spasovski vo Orizari

Спасовски додаде дека досега покажале дека државата е тука покрај секој граѓанин и дека има како да ги решат сите проблеми. Преку проекти помогнале повеќе од 500 милиони евра за локалната самоуправа за 7000 проекти, 1040 км патишта, 60 градинки од кои 40 се во руралните средини кои за првпат имаа можност да имаат вакви установи, 80 училишта, 60 полициски станици.

Коциќ пред жителите на Оризари рече дека во најголемиот режим на Груевски, Оризари остана тврд орев и даваше цврста поддршка на СДСМ. И сега ќе биде така, додаде Коциќ. Тој напомена дека нивната програма за локалните избори и силната централна поддршка е гаранција за развојот на велешките села.

Nenad Kocik Orizari

И кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, секојдневно е помеѓу граѓаните на терен. Синоќа посети повеќе маала и порача дека за жителите од УЗ 9ти Ноември гарантираат реконструкција и етапно бетонирање на делови од ул. ,,Тодор Јанев”, доизградба на потпорен ѕид на ул. ,,Рилски Конгрес” на спој со ул. ,,Тодор Јанев”, како и поврзување на ул. ,,Стефан Бобев” со ул. ,,Киро Ќучук”.

Колев порача дека знаат како со напорна работа се е можно, и се обврзуваат да ги остварат сите зацртани цели и дека Велес ќе биде општина – пример за цела Македонија.

Marko Kolev

Кандидатот за градоначалник на Велес, Златко Арсов синоќа во општинската зграда на средба со граѓаните издвои дел од ударните мерки од програмата на оваа партија. Тој ја критикуваше одлуката на актуелниот градоначалник на Велес преку јавно приватно партнерство да го ставел во функција репрезентативниот „Офицерски дом“, додека, неговите претходници за одлуките со коишто придонеле за пренаселено централното градско подрачје, не функционалните главни сообраќајници и не визионерскиот урбанистички план.

Levica Veles

„Затоа систематски ќе се борам против урбанистичката мафија, која вклучува застанување на пат на локалните моќници и манипулација со градежното земјиште. Ревизија на сите детални урбанистички планови издадени под влијание на корупциски афери, забрана за продажба и изнајмување на државно и општинско земјиште и имот. Ќе набројам побитни проекти како што се изградба на две катни гаражи, првата во центарот на градот и втората во близина на гимназијата, но за точната локација ќе го прашаме народот каде да биде. Би го довршил кејот на Вардар во делот помеѓу двата моста, изградба на вештачка кајак патека кај Стар Мост. Би ги проширил главните сообраќајници секаде кадешто тоа е можност, со воведување на булеварско решение, би ги остранил сите столбчиња, островчиња што го кочат сообраќајот, за поширок простор на пешаците и поголем број на велосипедски патеки. Ќе го преиспитаме еднонасочниот сообраќај во градот, во функција ќе биде ставена и малата уличка позади велешки театар со што би се скратил патот за до болницата или брза помош“, кажа пред присутните Златко Арсов.

На настанот присуствуваше пратеникот и претседател на партијата Димитар Апасиев, како и пратеникот Борислав Крмов. Претседателот на партијата им порача на граѓаните да не потпаѓаат на притисоците.  

„Не можат толку да ве заплашат колку што може да ве поткупат. Секој човек има точка на топење а едно советничко место вреди 30 илјади евра. Немојте да се продадете, оти Левица има чист  образ“ – порача Апасиев

Локалните избори се закажани на 17 октомври оваа недела.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: