Велешките одбојкарски судии Орданче Амбарков и Иванче Белевски добија задача да го судат полуфиналниот дуел од одбојкарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција помеѓу Струмица и Лирија.
Содржината продолжува под рекламата
Годинашното издание на завршните натпревари во одбојкарскиот Куп на Македонија, во двете конкуренции, ќе се одржи во Штип.
Содржината продолжува под рекламата
Велешкиот шмек на овој полуфинален дуел го зачинуваат и делегатот Ѓоре Зафиров и велешките одбојкари кои настапуваат за Лирија, Ивковиќ, Димовски и Колев.
Амбарков и Белевски се меѓу најдобрите одбојкарски судии во Македонија. Доказ за тоа е и делегирањето на минатогодишното финале на Купот на Македонија и финалето на Ф4 во лигата во женска конкуренција.
Можеби ќе ве интересира: