Младите футсал играчи на Кеги Моби, Марко Јанушев и Петар Каров добија повик од селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, за претстојниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″.
Содржината продолжува под рекламата
Нашите млади футсал играчи се наоѓаат во групата Б заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и САД до 18 години.
Содржината продолжува под рекламата
Во првиот меч, нашата футсал репрезентација ќе се соочи со Словенија, на 2 април со почеток во 18. часот. Во второто коло кое е на програмата на 3 април ќе се одигра натпреварот со домаќинот Хрватска, во 18. часот. На 5. април, со почеток во 13. часот ќе со одигра натпреварот со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.
Можеби ќе ве интересира: