Љубомир Спасиќ го освои третото место кај сениорите, а Благој Гугинов го освои третото место кај јуниорите на меѓународниот кајакарски натпревар, новогодишен спуст и Меморијален натпревар „Тибор Шарамо“, во Загреб.
Тоа е единствената зимска трка на реката Сава, која благодарение на необичниот датум на одржување и можноста за натпреварување за сите љубители на спортот кајак-кану, одамна ги премина границите на локалната трка.
Првата новогодишна трка во спуст се одржала на 3 јануари 1971 година, врз основа на идејата на тогашниот новинар на Спортски новости Тибор Шарамо, кој заклучил дека зимскиот период во Загреб е идеален за промоција на кајак и кануа, бидејќи повеќето други спортистите во тоа време мируваат.
На овој Меморијален натпревар учествуваат 110 натпреварувачи од четири држави, а организатор е Загребската кајакарска асоцијација и Загрепскиот кајак кану клуб.