Велешанка осомничена за измама и злоупотреба на лични податоци, со затвореник од Струга подигнала кредити и пари на туѓо име

denari pari

46-годишна велешанка е осомничена дека заедно со затвореник од Струга извршила серија измами и злоупотреби на лични податоци, со кои прибавила илјадници денари на туѓа сметка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничените – 34-годишниот П.С., кој ја издржува својата казна во затворот „Идризово“, и велешанката Т.К., во текот на април и мај годинава довеле во заблуда жена од Штип, од која неовластено ги прибавиле личните податоци. Со тие информации, двајцата поднеле апликации за седум потрошувачки кредити во различни финансиски друштва, во вкупен износ од 227.500 денари.

Agria

Истрагата покажала дека токму осомничената Т.К.  ги искористила и банкарските податоци на оштетената и извршила 11 незаконски трансакции на банкомати во Велес и Штип, со што подигнала вкупно 214.000 денари.

Случајот го расветли СВР Штип, кој поднесе кривична пријава против П.С. и Т.К. поради основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: